„Дембеле ќе вреди како Стерлинг“


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Менаџерот на Селтик Брендон Роџерс изјави дека Муса Дембеле наликува на Рахем Стерлинг кога летото во 2015 од Ливерпул замина во Сити.

    Младиот французин по него влече доста шпекулации, откако премина од Фулам во Селтик а многупати беше споменуван како идеално засилување на Јунајтед.

    Искусниот Роџерс вели дека кога ќе дојде до продавање на Дембеле, Селтик ќе биде награден како што беше Ливерпул кога доби 62 милиони евра за Стерлинг.

    „Сум тренирал многу фудбалери. Стерлинг и Суарез заминаа за огромни суми на пари. Дембеле ќе биде исто таков играч, има многу потенцијал во него“ – вели Роџерс

    За тимот од Селтик Парк одигра 24 натпревари и постигна 16 погодоци од кои 8 во ЛШ.