Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и Арсенал денеска на „Олд Трафорд“ го одиграа дербито во 12. коло од Премиер лигата.
Дербито заврши без победник (1:1), а стрелци на головите беа Хуан Мата за Манчестер Јунајтед и Оливиер Жиру за Арсенал.
Французинот во 89. минута му донесе израмнување на резултатот на Арсенал, но главното прашање од овој натпревар е дали Манечстер Јунајтед е оштетен.
Имено, десет минути пред крајот на првото полувреме судијата Марк Клатенбург не досуди пенал за Јунајтед откако Валенсија падна во шеснаесетникот на Арсенал. Дали тоа беше пенал, или не, проценете сами.















