Севиља бара огромна сума на пари за својот фудбалер

Напаѓачот на Севиља, Кевин Гамеиро ќе биде еден од најбараните ова лето.

Гамеиро минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на шпанскиот клуб и привлече големо внимание.

Сепак, Севиља нема лесно да се откаже и му порача на сите кои сакаат да го доведат дека мора да платат 40 милиони евра.

Гамеиро со 16 погодоци беше најдобар стрелец на Севиља минатата сезона во Примера.