ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер, Ангел Ди Марија игра малку полошо оваа сезона во дресот на ПСЖ.
Ди Мариа последниве неколку денови добива многу критики, а многумина сметаат дека во јануари тој ќе ја напушти екипата на ПСЖ.
Сепак, во одбрана на својот проанешен соиграч од Бенфика застана Хавиер Савиола, кој рече дека Ди Марија се уште е многу добар играч.
„Бев со Ди Марија во Бенфика. Го познавам неговиот потенцијал, тој е одличен играч. Можеби во моментов минува низ најдобар можен период, но добар е, тоа е нешто што секој фудбалер мора да го помине во својата кариера. Секако, тој може да се врати на своето најголемо ниво. Се надевам дека за репрезентацијата ќе игра најдобро што може“, изјави Савиола.
Потсетуваме дека Савиола во текот на неговата кариера беше член на Барселона, Монако, Реал Мадрид, Малага и Верона.