ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска одиграа нерешено на домашен терен против Арсенал (1:1) во рамките на 12. коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ до самиот финиш на натпреварот имаа предност, но гостите во 89. минута успеаа да изедначат и да освојат бод. Португалскиот стратег, Жозе Мурињо со Јунајтед го има најлошиот старт во сезоната уште од 2004/05.
Мурињо во првите 12 кола освои 19 бода што е најлош старт на клубот во последните 11 години. Полош старт имаше Фергусон во сезоната 2004/05. кога во 12 кола имаше освоено 18 бода.
Интересно е тоа што таа сезона Челси стигна до титулата, а на клупата на Сините тогаш беше токму Жозе Мурињо. По серијата на лоши игри, навивачите на „црвените ѓаволи“ се повеќе веруваат дека борбата за титулата е далеку од оваа екипа.