Охрид го декласира Пелистер, Фени славеше на гости против Кожув


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Започна македонската кошаркарска лига и се одиграа два натпревари.

    Кошаркарите на Охрид славеа против Пелистер со 73:61. Првата четвртина лесно ја добија охриѓани со 17:10. Доминацијата на кошаркарите на Охрид продолжи и во втората четвртина. На полувреме резултатот беше 43:30. Третата четвртина не донесе ништо посебно, а Охрид ја доби со 13:12 за во последните десет минути од натпреварот охриѓани да влезат со предност од 14 поени, 56:42. Домашните последната четвртина ја одиграа рутинирано за прва победа оваа сезона. Михајловски со 25 поени го предводеше Охрид до победа. Милојевиќ додаде 15, а Младеновиќ 12 поени. Кај Пелистер најефикасен натпреварот го заврши Хокинс со 21 поени.

    Во вториот натпревар кој се одигра денес, Фени Индустри славеше на гости против Кожув со 63:66. Гостите од Кавадарци започнаа подобро и после првата четвртина имаа водство од 12:21. После втората четвртина остана истото водство на кошаркарите на Фени, 9 поени, 30:39. Домашните третата четвртина ја одиграа подобро и во последните десет минути од натпреварот влегоа со негатива од 5 поени, 45:49. Кошаркарите на Кожув со погодената тројка на Ѓурасовиќ го израмнија резултатот, 63:63 на 36 секунди до крајот на натпреварот. Мек Нил со 24 поени беше најефикасен кај Кожув. Павиќ со 20 поени го предводеше Фени до победа. Магдевски додаде 11, а Марковски 10 поени.