Дер Класикер за милионерите – Обамејанг ги нокаутира Баерн и Анчелоти


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во дербито во германското првенство одиграно на Сигнал Идуна Парк помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен заврши со победа на милионерите од 1:0.

    После единаесет минути игра на теренот Пјер Емерик Обамејанг ја затресе мрежата на Мануел Ноер на асистенција на Марио Геце за водство на Борусија Дортмунд. После неколку минути игра Мануел Ноер му одбрани фантастичен шут на Андре Шурле. На стартот на второто полувреме габонскиот напаѓач од Борусија Дортмунд можеше да го зголеми водството на домашните, но Ноер не дозволи да прими втор погодок. Чаби Алонсо после еден час игра испрати одличен удар, но на негова несреќа ја погоди стативата. Левандовски можеше да го израмни резултатот во финишот на натпреварот, но шутираше непрецизно. Борусија Дортмунд на крајот славеше минимално против баварците.

    После денешната победа Лајпциг е најсреќен бидејќи ќе остане на осамен на врвот со 27 бода. Баерн Минхен има три бода помалку, а Борусија Дортмунд е трета со шест бода помалку од лидерот Лајпциг.

    Борусија Дортмунд во следното коло игра против Франкфурт на гости, а Баерн на Алијанц Арена ќе го пречека Баер Леверкузен.