Радовиш им се врати на победите, победен Металург 2


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Радовиш славеа со 28:22 во единаесетото коло од суперлигата против Металург 2.

    После првото полувреме домашните имаа предност од четири погодоци, 12:8. Во вториот дел повторно одиграа подобро ракометарите на Радовиш за победа од 28:22.

    Игор Милосављевиќ со 9 погодоци го предводеше Радовиш до победа. Стефан Чизмовиќ постигна 6 погодоци. Мице Шилегов и Марио Танкоски со по 6 погодоци беа најефикасни во тимот на Металург 2.

    Пета победа за Радовиш оваа сезона во суперлигата, а Металург го запиша четвртиот пораз.