Алонсо – Долга е сезоната, уште ништо немаме освоено


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Маркос Алонсо, дефанзивецот на Челси зборуваше за следниот натпревар против Мидлзбро.

    Челси утре ќе игра против Мидлзбро и сака да ја продолжи серијата на победи.

    „Мораме да играме како во минатите натпревари ако сакаме да го победиме Мидлзбро. Се разбира, добро игравме неодамна и во текот на минатите две недели имавме шанса да се опуштиме“, изјави Алонсо.

    „Сезоната е долга. Челси уште нема ништо освоено, така да не смееме прерано да славиме. Мораме секој натпревар сериозно да го сфатиме.“

    Алонсо за првенецот во дресот на Челси против Евертон. „Навистина ми се допадна погодокот, но се надевам дека ќе постигнам уште погодоци до крајот на сезоната.“