Гвардиола – Туре ја заслужи оваа шанса, пресреќен сум


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Сити славеа на гости против Кристал Палас со 1:2.

    Манчестер Сити се израмни со Ливерпул на првата позиција кој освои бод против Саутемптон. Пеп Гвардиола за прв пат оваа сезона одлучи да му даде шанса од првата минута на Јаја Туре кој ја искористи на вистински начин.

    Туре беше стрелец на двата погодоци за Сити. После натпреварот шпанскиот тренер изјави дека многу среќен поради фантастичниот одигран натпревар на Туре.

    „Пресреќен сум поради Туре, тој е навистина фантастичен. Сега се однесува на најдобар начин и за неговите квалитети не мора да зборуваме. Тој беше денес тука поради што ние сметаме на него. Сега имаме уште еден фудбалер кој може да ни помогне да ги оствариме своите цели. Ја заслужи оваа шанса бидејќи минатите месеци се трудеше и фантастично се однесуваше на тренинзите“, изјави Гвардиола.