Пјаниќ не играше поради оправдани причини


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Без поголеми проблеми Јувентус ја совлада Пескара.

    Славеа со 3:0 но во првите 11 не беа Буфон, Маркизио како и Мирлем Пјаниќ па Алегри објасни каде се тие играчи и која е причината што не се во првиот состав.

    „Буфон го одмарав поради репрезентативните обврски. Пјаниќ се жалеше на болка во стапалото. Битно е дека победивме и ќе се обидеме и против Наполи да победиме“ – вели Алегри

    Го пофали и Хернанес кој постигна прекрасен гол во финишот.

    „Хернаненс одигра фантастичен натпревар “ – вели Алегри.