Работнички го декласира големиот Вардар на Телеком Арена, ниту Шкупи не го запре моќниот Пелистер


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Сите пет натпревари се одиграа од петнаесетото коло во првата македонска лига.

    На стадионот под Тумбе Кафе битолски Пелистер славеше со 2:0 против Шкупи. После седум минути игра Лукас Фереира Кардосо ја израдува домашната публика. Десет минути пред крајот на натпреварот Боби Божиновски го реши победникот на овој натпревар, 2:0.

    Фудбалерите на Силекс одиграа нерешено на градскиот стадион во Тетово против Ренова, 2:2. Глигор Глигоров во 12-та минута му донесе водство на Силекс. Емран Рамадани во второто полувреме израмни, а Кристијан Филиповски во 76-та минута го врати водството на кратовци. Фисник Нухи во последната минута од натпреварот му донесе бод на Ренова, 2:2.

    Дерби натпреварот кој се играше на Телеком Арена помеѓу Работнички и Вардар заврши со победа на романтичарите од 3:0. Виновник за првиот погодок беше голманот на Вардар, Гачевски кој аматерски му поклони погодок на Суад Сахити за водство на Работнички. Резервата Филип Дурански ја потврди победа на романтичарите четири минути пред крајот на натпреварот. Беше досуден пенал за Работнички во 93-та минута, а Филип Ивановски беше прецизен од белата точка за конечни 3:0.

    Шкендија ја декласира Македонија Ѓорче Петров со 0:4. Во период од десет минути во првото полувреме Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани му донесоа водство на Шкендија од 0:2. Во листата на стрелци се запиша и Артим Положани и по втор пат Ферхан Хасани.

    Победа конечно успеа да победи. Прилепчани ја совладаа Брегалница на гости со 2:3. Николче Шаркоски со еврогол му донесе водство на Победа. Ведран Муратовиќ во второто полувреме израмни, но Победа набрзина го врати водството преку Николче Шаркоски кој го постигна вториот погодок на денешниот натпревар. Благоја Гешоски погоди за 1:3, а Лазар Илиев стрелаше за конечни 2:3.