Тим на колото - Канелјас најдобар лев бек, Циндриќ најдобар среден бек

    После победата на Вардар против Рајн Некар во Франкфурт следуваа награди за ракометарите на Вардар.

    Жоан Канељас со десет погодоци го торпедираше голот на Апелгрен, а во тимот на колото имаше место и за Лука Циндриќ кој одигра фантастично во натпреварот против Рајн Некар.

    Најдобро лево крило е Уве Генсхајмер кој му донесе победа на ПСЖ против Веспрем. Гонзало Перез Де Варгас е најдобар голман на колот, ракометарот на Бешикташ, Рамазан Доне е избран за најдобар десен бек, а Алберт Рокас од Ла Риоха е најдобро десно крило.