Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со заминувањето на Мирослав Клосе, во нападот на Лацио остана празнина, а таа би требало да ја пополни Фернандо Љоренте.
Шпанскиот фудбалер наводно го договорил својот трансфер на “Oлимпико” и би требало да биде прво засилување на тренерот Марсело Биелса.
Љоренте во Севиља заработуваше скоро четири милиони евра по сезона, а Лацио ќе му понуди тригодишен договор со плата од 2.5 милиони евра. Според информациите од Италија, Љоренте би ги прифатил таквите услови.
Фернандо Љоренте во кариерата настапуваше уште за Атлетик Билбао, Јувентус и Севиља, за која минатата сезона на 23 натпревари постигна четири погодоци.