Ријад Марез – Нема да испаднеме од лигата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Актуелниот шампион на Англија оваа сезона игра под очекувањата и моментално се наоѓа на 14-та позиција.

    Лисиците се во серија од три натпревари без победа, а оваа сезона нанижаа шест порази, па навивачите се загрижија поради испаѓање во лигата.

    Ѕвездата на Лестер, Ријад Марез исто така игра под своето ниво во оваа сезона, но не се плаши од најлошото сценарио.

    „Не мислам за тоа дали ќе испаднеме од лигата. Имаме доволно квалитет за да останеме во ПЛ, а може да направиме многу повеќе од тоа“, изјави Марез.

    „Не заслуживме да имаме толку порази. Незаслужено изгубивме и од Вотфорд во последното коло, но тоа се случува во фудбалот. Сега сме во лоша форма, но знам дека ќе се извлечеме од ова и ќе покажеме каков тим сме.“