Поранешниот тренер на Сити тврди дека Гвардиола погреши со еден избор


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Шпанецот веднаш по доаѓањето на Итихад процени дека Џо Харт не се вклопува во неговите планови, па наместо него на голманската позиција стигна Клаудио Браво од Барселона.

    Меѓу оние кои сметаат дека Гвардиола направил грешка е и Петер Рид.

    „Јасно е зошто го доведе Браво, но Харт е подобар голман. Работата е во различното мислење. Јас не се сложувам со Пеп, но тој има фантастични резултати така да времето ќе покаже дали направи добар избор. Јас си стојам на зборот дека погреши“, изјави Рид.

    „Ако ги погледнете клубовите кои освојуваат големи трофеи ќе видите и големи голмани, Ноер, Чех, Ван Дер Сар… Јас тоа не го гледам во Манчестер Сити.“