Ливерпул ќе пазарува во аптека


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Еден од најдобрите фудбалери на Баер Леверкузен би можел да биде ново засилување на Ливерпул во јануари.

    Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп тргна во акција на доведување на Јулиан Брандт на Енфилд.

    Ливерпул за да ја издржи борбата за титулата неопходни му се засилувања.

    Природната позиција на Брандт е лево крило, ама може да игра и како десно крило и полушпиц.

    Голем проблем за Клоп ќе биде отсуството на Садио Мане во јануари бидејќи овој фудбалер ќе игра за репрезентацијата на Сенегал во купот на афричките нации. Освен тоа Дени Ингс е повреден, а Даниел Стариџ не може да се опорави од повреди.

     

    На Леверкузен и не му цветаат ружи во Бундеслигата оваа сезона, после 11 кола се наоѓа на деветата позиција со девет бодови негатива во однос на лидерот Лајпциг кој во минатото коло го однесе цел плен од Бај Арена.

    Репрезентативецот на Германија има договор со Леверкузен до 2019-та година, а во него стои клаузула од 17 милиони фунти.