Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Италијанскиот тренер, Фабио Капело изјави дека фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо не е генијалец како Лео Меси од Барселона, но дека ја заслужува златната топка.
Поранешниот тренер на Милан и Реал Мадрид изјави дека повеќе сака да го гледа Меси, но дека во последната година Роналдо беше подобар.
Роналдо со Реал ја освои 11-та титула во ЛШ, а со репрезентацијата на Португалија го освои ЕП. Минатата сезона постигна 35 погодоци во Ла Лига, а оваа сезона осум во девет натпревари.
„Тој заслужува да ја освои златната топка. Тој е најдобриот фудбалер на Реал Мадрид и Португалија, минатата сезона освои се. Постигна многу погодоци и е фантастична личност. Роналдо не е генијалец како Меси, но е фантастичен фудбалер. Повеќе го сакам Меси, но Роналдо ја заслужува златната топка“, изјави Капело.
Капело изјави дека се радува на Ел Класико и дуелот помеѓу Меси и Роналдо на 3-ти декември.
„Ќе биде важно како Зидан ќе се спреми за натпреварот против Барселона“, изјави Капело.