Карлос Камени – Еден од најпотценетите голмани во Примера


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фантастичниот голман секогаш е на висината задачата кога е најважно.

    Карлос Камени е голман кој 12 сезони брани во Примера, но делува како никогаш да не добил награда дека е меѓу најдобрите голмани.

    Во Примера стигна во 2004-та година кога како 20-годишен го напушти Ст.Етиен и стигна во Еспањол. Во вториот клуб од Барселона помина осум сезони и со Еспањол го освои купот на кралот во 2006-та година, а следната сезона играше финалето во купот на УЕФА кога во финалето беше подобра Севиља.

     

    Од 2012-та година е член на Малага со која беше „кобен“ по Реал Мадрид и Барселона.

    Кога се во прашање натпреварите против Барселона, Карлос Камени е најуспешниот во 21 век. Тој дури седум пати ја сочувал чиста мрежата против каталонците, четири пати со Еспањол, три со Малага.

    Против Реал Мадрид успеа само еднаш да биде несовладан и тоа минатата сезона во ремито на Сантијаго Бернабе.

    На последниот натпревар против Барселона имаше шест успешни интервенции, повторно ја сочува мрежата недопрена.