ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Жозе Мурињо по долго време ќе му даде шанса на играчот кој на Островот пристигна како големо засилување.
Имено, Мурињо можеше да се угледа на Пеп Гвардиола, кој отпишаниот Јаја Туре го врати во тимот. Туре тоа му го возврати на најдобар можен начин, постигнувајќи два гола со што му донесе и победа на Манчестер Сити.
Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот стратег би можел да ја искористи истата тактика и конечно да му даде шанса на Михтаријан кој во последно време натпреварите ги гледа од трибините.
Навивачите на Манчестер Јунајтед веруваат дека поранешниот играч на Дортмунд би можел да донесе промени во оваа екипа. Сепак, тешко е да рече дека Ерменецот би можел да одговори на оваа задача исто како Туре во Сити.