ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Менаџерот на Челси, Антонио Конте изјави дека оваа година битката за титулата во Премиер лигата ќе биде најтешка досега.
Неговата екипа, претходниот викенд, по шесте последоваделни победи, конечно се искачи на првото место на табелата, па сега има бод повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити, три од Арсенал и четири од Тотенхем.
Конте вели дека дури шест тима ќе се борат за титулата во Премиер лигата оваа сезона.
„Нема да биде лесно. Шест тима ќе се борат за титулата. Еден ќе ја освои, три ќе си одат во ЛШ, а два во ЛЕ. Овогодишната Премиер лига е можеби најтешка досега. Мораме за првото место да се бориме со Арсенал, Ливерпул, Сити, Тотенхем и Јунајтед. Не постои покавалитетна лига од оваа“, изјави Конте.