Куманово не може да се победи во БИБЛ – Тиват совладан среде Црна Гора


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Куманово славеа во петото коло од БИБЛ лигата на гости против Тиват со 65:73.

    Кумановци одлично го започнаа натпреварот со водство од 2:10. Ова водство домашните кошаркари го намалуваа и стигнаа до израмнување, 15:15. Со двата поени на Живановиќ, кошаркарите на Куманово после првата четвртина имаа водство од 15:17. Кошаркарите на Тиват на стартот на втората четвртина го презедоа водството, 21:19. Кумановци се разиграа и на полувреме заминаа со седум поени предност, 28:35. Кошаркарите на Куманово во третата четвртина ги декласираа домашните кошаркари , им дозволија да постигнат само 12 поени и во четвртата четвртина влегоа со 40:57. На две минути пред крајот на натпреварот Кумановци имаа водство од осум поени, 57:69. Гостите од Куманово ја запишаа петата победа во низа во БИБЛ, 65:73.

     

    Пековиќ со 17 поени беше најефикасен во тимот на Куманово. Мијатовиќ додаде 15, Живановиќ 13, Пековиќ и Караџовски постигнаа по 10 поени. Маројевиќ со 22 поени најмногу се истакна во тимот на Тиват.

    Куманово следниот натпревар повторно игра на гости, против Сигал Приштина.