Роџерс – Извлековме поука од тешкиот пораз од Барселона


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Тренерот на фудбалерите на Селтик, Брендан Роџерс изјави дека неговиот тим ќе направи се за да му ја направи работата на Барселона потешка во претстојниот натпревар во ЛШ и додаде дека многу научиле од поразот од 0:7 од шпанскиот клуб во првиот натпревар.

    Фудбалерите на Селтик утре играат во Глазгов против Барселона во натпревар од петото коло во ЛШ.

    Барселона е прва со 9 бода, а Селтик има 2 бода и на последното место на табелата во групата.

    „Мораме да го наметнеме нашиот стил на игра и да им ја направиме работата потешка. Ние сакаме победа, но знам дека ќе биде тешко. Не смееме да се плашиме за резултатот, ако го играме нашиот стил ќе имаме шанса да оствариме резултат“, изјави Роџерс.

    „Многу ги почитувавме, а резултатот беше големо разочарување. Научивме многу од тој натпревар, како да бидеме храбри, а играчите покажаа дека извлекоа поука. Не чека тежок натпревар против врвен противник, но се надевам дека ќе играме поразлично. Мораме да се бориме и да направиме се за да ги запреме, но тоа не е лесно“, заклучи Роџерс.