Прандели доведува италијанец за спас на Валенсија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Договорот е постигнат.

    Напаѓачот на Наполи, Маноло Габиадини доби зелено светло да преговара со Валенсија.

    Како што пренесоа италијанските медиуми, Габиадини не ги оправдал очекувањата на Маурисијо Сари после повредата на Аркадиуш Милик и ќе можи да го напушти клубот.

    Наполи ќе се согласи да го продаде за 25 милиони евра и таа сума на пари ќе биде вложена во друг напаѓач, можеби и во Оливие Жиру.

    Спортскиот директор на Валенсија, Хесус Гарсија Питарх минатите дена престојуваше во Наполи каде преговараше за трансферот на Габиадини.

    Наполи наводно се согласил на условите, останува уште фудбалерот да се договори со лилјаците.