Најнесреќниот фудбалер во светот – Во пет натпревари во ЛШ постигна три автогола


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Овој 19-годишен фудбалер нема по добро да го памти овогодинешното издание на јуниорската ЛШ. Во пет одиграни натпревари досега во ова натпреварување постигна три автогола.

    Во првото коло Тотенхем на свој стадион играше против Монако, а Вокс со својот автогол му донесе на водство на клубот од кнежеството во седмата минута. Подоцна доби и жолт картон, а Спарс го изгубија тој натпревар со 2:3. Во второто коло не постигна автогол против ЦСКА Москва, но затоа во третото му помогна со својот автогол на Баер да го победи со 3:1 Тотенхем. Вокс постигна автогол во 67-ма минута, а тоа беше за 2:1 за аптекарите.

     

    Вокс очигледно дека подобро игра во парните натпревари бидејќи во четвртото коло против Леверкузен не постигна автогол, но вчера беше повторно во свој елемент. Тотенхем изгуби од Монако, а младиот дефанзивец на Тотенхем повторно беше стрелец за противникот. Беше прецизен во 62-ра минута, а со тој погодок Монако го израмни резултатот, а подоцна стигна и до победа.