На Бенфика и три гола предност не му беа доволни – Абубакар во 90-та му донесе бод на Бешикташ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Бешикташ на Водафон Арена ремизираа против Бенфика во натпревар од петото коло од групната фаза во ЛШ, 3:3.

    Бенфика веднаш тргна по погодок, а Абубакар во трета минута ја погоди стативата. Гуедеш после десет минути игра му донесе водство на Бенфика. Семедо со проектил ја зголеми предноста на португалците. Фудбалерите на португалскиот клуб продолжија да напаѓаат, а Митроглу два пати ја погоди пречката, а Салвио ја погоди стативата. После одбиена топка Фејса погоди за 0:3. Тосун после еден час игра погоди и го намали водството на Бенфика. Линделоф играше со рака, а судијата покажа на белата точка. Рикардо Кварезма од пенал беше прецизен погоди за 2:3. Абубакар после одбиена топка му донесе бод на Бешикташ во 90-та минута.

     

    Бенфика на домашен терен во последното коло игра против Наполи, Бешикташ ќе гостува во Украина против Динамо Киев.