ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Нашата фудбалска репрезентација доживеа пад на седум места на новообјавената ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Сега Македонија се наоѓа на 162. позиција, што е најлош пласман до сега.
Ова се заснова на убедливиот пораз од Шпанија, каде што Шпаниците убедливо не победија со 4:0 во квалификациите за Светското првенство 2018.
Македонија на 162. место има 138 бода.
На новембарската ранг листа Македонија се наоѓа зад репрезентациите на Гранада, Аруба, Танзанија и Белизе.
На врвот и понатаму е Аргентина, сега Бразил е втор, а Германија трета.