ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Самуел Ето се наоѓа во голема неволја бидејќи шпанскиот обвинител побарал затворска казна од 10 години затвор за даночно затајување од времето кога Ето настапуваше за Барселона.
Ето е обвинет од страна на даночните власти во периодот од 2006. до 2009. година, каде што затајувал дури 3,5 милиони евра.
Покрај тоа, ако е прогласен за виновен, Камерунецот би можел да плати и казна од дури 14 милиони евра.
Камерунецот е еден од првите играчи против кого е поведена постапка за даночно затајување, по што започнаа серија на судски процеси, а на обвинителната клупа главно се најдоја ѕвездите на Барса Лионел Меси, Алексис Санчез и Нејмар.
Самуел Ето во моментов настапува за турскиот клуб Анталија, каде што се пресели од Сампдорија во текот на летото минатата година.