Раниери се надева дека отсуството на Дринквотер нема да влијае многу на тимот


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери е оптимист дека тимот може да се соочи со отсуството на Дени Дринквотер, кој е казнет за три дуели.

    Дринквотер ќе ги пропушти наредните три натпревари откако доби казна од Фудбалската асоцијација на Англија за ударот кон Валон Бехрами од Вотфорд во саботата.

    Раниери се надева дека недостаткокот на еден од главните играчи нема да влијае премногу.

    „Се надевам дека Дринквотер нема да ни недостасува. Тој е важен фудбалер за нас, но сигурен сум дека тимот ќе реагира соодветно“, изјави Раниери.