Писмото на Суарез – Пријателе никогаш нема да одиш сам


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Големиот Стивен Џерард се повлече од активното играње фудбал, а по повод на тоа доби пораки од постарите фудбалери од светот, а посебно се истакна фудбалерот на Барселона.

    После долгогодишната кариера, Стивен Џерард реши да ја прекина кариерата.

    По тој повод во јавноста се обрати и неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Луис Суарез по пат на Твитер.

    „Стигнав во Ливерпул, историски клуб од друг историски клуб. Помеѓу моите нови соиграчи се најде и Стивен Џерард. Сожалуваше на теренот во одбраната, беше фантастичен шутер и голгетер како и многу добар додавач. Единствен фудбалер.“

    „Неделите поминуваа, Стивен се покажа како вистински лидер. Беше роден победник и многу амбициозен фудбалер на теренот како и соиграч надвор од него. Секогаш ми даваше голема подршка и ме научи на многу вредни работи дури го извлекуваше најдоброто од мене.“

    „Ти благодарам Стивен. За сето време кое го помина заедно со мене кога ми беше најтешко. За тоа што ме подржуваше во се и ме советуваше исто толку пати. Секогаш беше со мене и кога многу не беа. Ти благодарам за разговорите и ситуациите во кои ми помогна повторно да размислам за се како и што секогаш ме подучуваше како постар кој брат кој учи помлад.“

    „Толку многу поминавме заедно и се боревме за големи работи во големиот клуб. Се тоа вечно ќе биде во моето сеќавање.“

    „Мој пријателе, Никогаш Нема Да Одиш Сам“, напиша Луис Суарез.