Некогаш беше промашување на Ливерпул, сега е еден од најдобрите во Европа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Шпанецот пред нешто повеќе од три години го засили Ливерпул, на крајот беше промашување.

    Неверојатниот Јаго Аспас не застанува да не воодушевува.

    Овој фудбалер на Селта е во животна форма, во последно време е незапирлив.

    Во последните десет натпревари во сите натпреварувања постигна осум погодоци и запиша две асистенции. Од тие осум, шест ги постигна во Примера, еден во ЛЕ и еден за репрезентацијата на Шпанија.

    Вчера постигна погодок против Стандард во натпревар од петото коло од ЛЕ.

    Често кој напаѓач во најсилните европски лиги може да се пофали со ваква статистика. Во Ливерпул можеби не ни сонувале дека Аспас ќе се претвори во вакво нешто.