Боксерот кој призна дека е хомосексуалец, постанува светски шампион?


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Боксот наскоро би можело да добие прв шампион кој призна дека е хомосексуалец.

    Станува збор за Орландо Круз од Порторико кој викендов ќе се бори против Тери Фланеган во Кардиф за ВБО појас во лесна категорија.

    Круз призна дека е геј во 2012, а оваа година се венча со својот партнер.

    „Кога сум во ринг сум Орландо Круз, а кога сум надвор тоа е мој приватен живот.“ – вели Круз.

    „Мораме да ги почитуваме колегите со таа одлука. Тој за мене е класичен боксер во рингот“ – вели Фланеган.