Како бајка, Конте го врати во живот, сега го сака Барселона


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Каталонците неколку пати гледаа фудбалери кој од никаде се врати на големата сцена, но тешко дека сините ќе кажат не.

    Виктор Мозес беше заборавен, беше праќан по позајмици, Мурињо не сметаше на него.

    Нигериецот да потсетиме стигна од Виган кај сините пред четири сезони, никогаш не доби вистинска шанса.

    После позајмицата во Ливерпул, Стоук и Вест Хем се врати на Стемфорд Бриџ очекувајќи да го пратат на ново калемење.

    Но, Конте мислеше поинаку, Мозес се врати во тимот.

    Се се промени, не само што е стандарден туку и привлече внимание од Барселона. Тие бараат фудбалер по десната страна, го скаутираа три пати, воодушевени се од неговата игра.

    Нигериецот со Челси има договор до 2019-та година.