Челси и Фиорентина преговараат околу Србин, дали ова ќе го налути Јувентус?


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Антонио Конте погоди со Маркос Алонсо.

    После Маркос Алонсо кој е одлично решение на позицијата лев бек, Челси повторно гледа кон Фиренца.

    На мета е младиот Бернардески кој кај Конте дебитираше за репрезентацијата, се споменува и Милан Бадељ како и Томовиќ.

    Челси има идеја Квадрадо кој е на позајмица во Јуве да го врати на Фиорентина, а да доведе еден или двајцата фудбалери на виолетовите. Тоа не е лесна мисија, Бадељ е на мета на Милан.

    Бернардески пред една недела го продолжи договорот, а што се однесува до Томовиќ тешко е најверојатно Челси да плати онолку колку што бара Фиорентина.

    Него Конте го гледа како поевтина опција за бек бидејќи заминува Ивановиќ, а од другата страна треба да се види што ќе направи Јувентус.