Зидан воодушевен од Ковачиќ – Тој е заслужен за дигнувањето на формата на Реал


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    После португалскиот Спортинг во ЛШ, Реал во Примера ќе го пречека Спортинг Хихон. Натпреварот го најави Зинедин Зидан.

    „Бејл долго време ќе отсуствува од теренот, но мора да продолжиме со нашите патишта. Повредите не можеме да го комплетираме. Пепе и Касемиро повторно се спремни. Дали со повредата на Бејл му се отвори на вратата на Хамес? Вратата им е отворена на сите фудбалери, па така ина Хамес. Дали ќе го напуштам Реал да сум на негово место? Не, какво е тоа прашање. Ќе останам во овој голем клуб. Ќе има тој своја минутажа“, изјави Зидан.

    „Рамос ќе игра утре. Не размислувам за можниот жолт картон. Пред нас е важен натпревар така да уште не размислувам за Барселона. Коентрао беше малку тежок кон себе. Не играше долго и нормално е грешки да се случуваат. Утре нема да игра, но мојата работа е да го подигнам на повисоко ниво“, додаде Зидан.

    „Ковачиќ е најзаслужен за дигнувањето на формата во последно време бидејќи многу работи. Секогаш многу работеше. Игра одлично кога и да треба“, заклучи Зидан.