Иниеста ги демантираше шпанските доктори


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шпанскиот фудбалер, Андрес Иниеста ќе настапи во претстојното Ел Класико.

    Во минатиот период Иниеста се мачеше со повреда и докторите му предвидуваа најмалку еден месец и пол пауза, меѓутоа искусниот Иниеста ги изненади сите.

    Медиумите во Шпанија денес соопштија дека Иниеста прв пат после еден месец тренирал со каталонскиот клуб и како работите стојат ќе биде спремен за Ел Класико.

    Дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид на програмата е на 3-ти декември.