Кој прв до вундеркиндот од Шведска?


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Детето за кое швеѓаните веруваат дека би можел да го стигне Златан Ибрахимовиќ ја полуде фудбалската Европа, а многу клубови се заинтересирани за него.

    Шведските медиуми напишаа дека за суперталентираниот Александер Исак голем интерес покажале Реал Мадрид, ПСЖ и Челси.

    Овој тинејџер заблеска минатата сезона, постигна 10 погодоци во дресот на АИК во шведското првенство, три пати во купот, а најмногу внимание привлече кога со двата погодоци го реши стокхолмското дерби против Ѓургарден.

    Инаку е најмлад фудбалер кој се запишал во листата на стрелци во историјата на клубот во шведското првенство.

    Исак е дете емигрант од Еритреа, но роден е во Стокхолм и играше за младите селекции на шведската репрезентација.

    Под договор е со АИК до 2018-та година, но не е реално да остане во тој клуб бидејќи од неговата продажба може многу да се заработи.

    Шведскиот Експресен најголема шанса му даваат на Реал Мадрид.