Рома значително ослабена пред утрешниот натпревар


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Рома утре на „Олимпико“ во рамките на 14. коло од италијанската Серија А ќе игра против Пескара.

    Волчицата пред неколку дена на домашен терен оствари сигурна победа во натпреварот во Лигата на Европа против Викторија Плзен. Иако римската екипа е голем фаворит во натпреварот против Пескара, Спалети има проблеми со повредени играчи.

    Имено, утрешниот натпревар против Пескара ќе го пропуштат Костас Манолас и Стефан Ел Шарави. Добри вести за Спалети е дека во тимот по повредата се враќа Франческо Тоти, кој утре ќе биде на клупата.