Среќата на страната на Реал Мадрид – Роналдо со два погодоци го среди Спортинг, Чоп промаши пенал за бод на Хихон


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 2:1 против Спортинг Хихон на Сантијаго Бернабе во натпревар од тринаесетото коло од Примера.

    На почетокот на натпреварот Спортинг Хихон имаше шанса за погодок, но Кармона шутираше непрецизно. После тоа големо промашување на Кармона следуваше пенал за кралскиот клуб. Кристијано Роналдо ја намести топката на белата точка и погоди за водство на Реал Мадрид. Начо испрати центаршут, а Кристијано Роналдо погоди со глава за зголемување на водството на кралскиот клуб. Од далечина Мои Гомез шутираше одлично, но Навас не дозволи топката да заврши во мрежата. Кармона во 35-та минута го врати Спортинг во игра со тоа што го намали водството на Реал Мадрид. Во финишот на првото полувреме Кристијано Роналдо се закани по голот на Марино, но голманот на Хихон фантастично одбрани. После изведен слободен удар од Роналдо топката стигна до Васкез кој шутираше непрецизно. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо во 78-ма минута направи прекршок во казнениот простор, а Хихон доби пенал. Дује Чоп шутираше високо над голот и беше трагичар на натпреварот. Реал Мадрид славеше со 2:1 против Хихон.

    Во следното коло Реал Мадрид ќе гостува на Камп Ноу против Барселона, а Хихон на домашен терен ќе ја пречека Осасуна.