Македонскиот Варди!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кога летото стигна како најскапо засилување во Палермо многу се питуваа кој всушност е Несторовски.

    Тие кои следат балкански фудбал многу добро го познаваат. Беше 2 сезони со Интер најдобар стрелец, а и влезе во листата на ХНЛ како трет најдобар стрелец кога во прашање е една сезона.

    Многумина наедна покажаа интерес за него, Динамо од Загреб не сакаше да плати толку за Илија па се појави Палермо. Палермо е лош и кандидат за напуштање на лигата, но за Несторовоски ќе има спас, тој веќе постигна 7 голови и многу очи се вперени во него.

    Се е супер, но кога ќе видите дека има 26 години се прашувате каде ли бил?

    Несторовски отиде во Чешка по фудбал па се врати во Металург но не играше многу и постигна еден гол за 2 години.

    Во 2013 планираше да го остави фудбалот, му барале пари за да игра, но помина проба во Интер Запрешиќ и ги бомбардираше голманите низ Хрватска 2 сезони, а сега на ред се тие во Италија.

    Зампарини изјави дека Несторовски не би го дал за помалку од 20 милиони евра!