На Алијанц Арена падна Леверкузен – Хумелс му донесе победа на Баерн Минхен


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Баерн Минхен славеа на Алијанц Арена против Баер Леверкузен со 2:1 во натпревар од дванаесетото коло од Бундеслигата.

    На почетокот на натпреварот видовме по една шанса на двете страни. Мехмеди и Милер беа непрецизни. Тиаго Алкантара се најде на вистинското место после одбиена топка и со глава му донесе водство на баварците. Пет минути подоцна Чалханоглу го израми резултатот. Во 56-та минута Матс Хумелс со глава погоди за враќање на водството на баварците. Воланд имаше голема шанса во последните десет минути од натпреварот да израмни, но беше непрецизен. Баерн славеше во денешниот натпревар со 2:1 и повторно има три бода негатива зад лидерот Лајпциг.

     

    Баерн Минхен во следното коло му гостува на Мајнц, а Леверкузен на Бај Арена ќе го пречека Фрајбург.