Прва победа за Куманово оваа сезона во македонската кошаркарска лига


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Куманово славеа на домашен паркет против Кожув со 89:84 во натпревар од второто коло од македонската кошаркарска лига.

    Со погодената тројка на Мијовиќ, Кожув првата четвртина ја доби со 15:22. Кумановци им дозволија на кошаркарите на Кожув да постигнат само девет поени во втората четвртина и ги прегазија со 30:9. На полувреме, кошаркарите на Куманово имаа предност од 45:31. Кошаркарите на Кожув во третата четвртина го намалија водството на Кумановци на единаесет поени, 71:60 пред последните десет минути од натпреварот. Гевгеличани го намалија водството на кошаркарите на Куманово на два поени на една минута до крајот на натпреварот, 81:79. Костоски во финишот постигна неколку важни поени и Кумановци на крајот успеаа да ја запишат првата победа оваа сезона во македонската кошаркарска лига, 89:84.

     

    Костоски со 20 поени го предводеше Куманов до победаПековиќ и Мијатовиќ додадоа по 19, Јанески 12, а Пековиќ 10 поени. Мек Нил со 30 поени беше најефикасен во тимот на Кожув. Мијовиќ постигна 21, а двоцифрен натпреварот го заврши и Ѓурасовиќ кој постигна 14 поени.

    Куманово му гостува на Охрид во следното коло, а Кожув на домашен паркет ќе ја пречека Струмица.