ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Баерн Минхен објави дека Франк Рибери потпиша нов договор со клубот. Французинот лојалноста кон Баварците ја вети до 2018. година.
„Шест титули во шампионатот, пет освоени домашни купови, Лига на Шампиони, Светско клупско првенство и Уефа Супер Куп – Ова се големите успеси на Баерн последниве години кои се поврзани со името Франк Рибери. Тој е одличен играч и е омилен меѓу навивачите. Поради тоа сме среќни бидејќи успеавме да го продолжиме договорот на уште една година“, изјави Хјнц Румениге.
„Среќен сум бидејќи ќе останам уште една година во Баерн. Овој голем клуб и град станаа мој дом, и во спортска и во приватна смисла. Се радувам на убавите моменти со навивачите и сакам да дадам свој придонес за успехот, кој се надевам дека ќе го постигнеме и следната година и пол дена“, беа зборовите на Рибери по потпишувањето на договорот.