Осасуна промаши пенал, па за една минута крена бело знаме – Атлетико се враќа на победничките патеки


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гости против Осасуна со 0:3 во натпревар од тринаесетото коло од Примера.

    На стартот на натпреварот Кевин Гамеиро имаше шанса да го доведе Атлетико Мадрид во водство, но шутираше непрецизно. Во тринаесетата минута Хосе Хименез направи прекршок во казнениот простор, а Осасуна заработи пенал. Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак го прочита ударот на Роберто Торес и не дозволи домашните да стигнат до водство. Кореа шутираше одлично, а Перез фантастично спречи топката да влезе во мрежата. Следуваше корнер за Атлетико Мадрид кој го изведе Коке, а на вистинското место се најде Диего Годин кој му донесе водство на гостите. Една минута подоцна Кореа му додаде на Гамеиро кој го зголеми водството на јорганџиите. Без поголеми шанси за погодок во второто полувреме се до финишот на натпреварот кога резервата Караско погоди за конечни 0:3 и за враќање на победите на Атлетико Мадрид после двата порази по ред од Севиља и Реал Мадрид.

     

    Атлетико Мадрид во следното коло ќе игра на Висенте Калдерон против Еспањол, а Осасуна ќе игра на гости против Спортинг Хихон.