Се зголеми температурата во Барселона – Продолжува проклетството на каталонците на Аноета


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Сосиедад и Барселона ремизираа на Аноета, 1:1 во натпревар од тринаесетото коло од Примера.

    Во првото полувреме од натпреварот доминираа фудбалерите на Реал Сосиедад. Без поголеми шанси на двете страни за погодок и се замина после првите четиресет и пет минути со почетните 0:0. Во 53-та минута Маскерано направи грешка, а Тер Штеген го одбрани шутот на Вела. После одбиената топка Вилијан Хосе со глава шутираше, а топката во гол ја смести Жерар Пике кој се обиде да ја избие топката, но за несреќа во сопствената мрежа. Водството на баскијците не траеше долго бидејќи Нејмар му асистираше на Лионел Меси за израмнување на резултатот. Една спорна ситуација имаше во 76-та минута кога Карлос Вела шутираше и ја погоди пречката, а спорниот момент беше тоа што Хуанми постигна погодок после одбиената топка, а помошникот го дигна знаменцето. Потоа Вела повторно се закани по голот на Тер Штеген, но ја погоди стативата. Тер Штеген две минути пред крајот на натпреварот лесно ја скроти топката по шутот на Естебан Гранеро. Поранешниит фудбалер на Реал Мадрид повторно имаше шанса да го доведе во водство Реал Сосиедад, но од блиску шутираше високо над голот. На крајот Реал Сосиедад и Барселона ги поделија бодовите, 1:1.

     

    Барселона во следното коло игра на Камп Ноу против Реал Мадрид, а Реал Сосиедад ќе му гостува на Депортиво Ла Коруња.