ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Францускиот фудбалер, Мамаду Сако овој јануари речиси сигурно ќе ги напушти редовите на Ливерпул.
Сако на крајот на минатата сезона беше суспендиран бидејќи падна на допинг тест, по што целосно го изгуби местото во тимот на Јирген Клоп. Французинот беше отпишан и на летните подготовки поради недолично однесување, и му беше најавено дека може да побара нов клуб.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Црвените се договориле со Милан, и дека Сако до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во дресот на Милан. Клубот од „Сан Сиро“ ќе има можност да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Сако кариерата ја започна во ПСЖ за кого дебитираше во 2007. година, а во Ливерпул пристигна во летото 2013. година. Во дресот на Црвените до сега запиша 79 натрпевари. Сако во моментов тренира со резервниот тим на тимот од „Енфилд“.