Исчезна Џејми Варди!


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Џејми Варди минатата сезона беше апсолутен хит на анлиските терени. Напаѓачот на Лестер беше незапирлив за противничките дефанзивци и на крајот неговите голови им ја донесоја на Лисиците првата титула во историјата.

    Сепак, оваа сезона Варди се загуби и постигна само два гола во Премиер лигата. Тие голови ги постигна на отворањето на новата сезона, а последен пат погоди на 10. септември.

    Од тој момент Варди не знае за гол, веќе и шут во рамките на голот за него е непознато. Варди од тој момент не има ниту еден шут кој би го загрозил противничкиот голман, што секако е катастрофална статистика.

    Човекот едноставно исчезна од терените во Премиер лигата.