Пеп Гвардиола со изјава ги налути навивачите на Сити

    Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава во врска со Лигата на Шампионите.

    Иако навивачите на граѓаните сакаат да го видат Сити барем во полуфиналето оваа сезона, Гвардиола е внимателен и вели дека четвртфиналето е примарна цел.

    „Изледа лесно да се дојде до полуфиналето, но не е така. Многу е тешко да се дојде до полуфиналето, бидејќи Европа има голем број квалитетни тимови. Од другата страна четвртфиналето за Манчестер Сити е очекувано и нормално“, изјави Гвардиола.

    Граѓаните два пати одиграа меѓу осумте најдобри екипи во Европа и сега сакаат чекор понатаму, но изјавите на Гвардиола не се оптимистички.