ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Еден Азар смета дека само Ливерпул и Манчестер Сити се ривалите на неговиот тим на патот кон титулата во Премиер лигата.
Одличниот Белгијанец на тој начин ги отфрли градските ривали Арсенал и Тотенхем, но и Манчестер Јунајтед.
„Сити и Ливерпул се добри тимови, а доколку ја сакаме титулата мораме да бидеме понапред од нив. Следното коло играме против Сити, силен противник и сакаме да продолжиме со победите. Полни сме со самодоверба“, изјави Азар за британските новинари по победата над Тотенхем (2:1).
Токму Арсенал, кој Азар не го гледа во трката, последно ги совлада Сините со 3:0, но два месеци подоцна, фудбалерите на Челси забележаа седум победи во низа во англиското првенството.
„Пред два месеци не бевме подготвени, но сега знаеме што треба да направиме. Ќе дадеме се од себе во секој натпревар“, додаде Белгијанецот.
Фудбалерите на Челси по 13. кола се наоѓаат на врвот во Премиер лигата со 31. бод, еден повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити, три од Арсенал и седум од Тотенхем.