Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легенди како Роналдо и Луис Фиго како и Луис Енрике играа за Реал Мадрид и Барселона, но Тони Крос најавува дека нема никогаш да заигра за Барса.
Крос го продолжи договорот до 2022 па во Реал најверојатно ќе остане до својата 32ра година.
Што тој најавува за после договорот:
„Немам во план да играм за Барса. Постојат одредени трансфери кои просто не се остваруват. Тоа има врска со почит кон навивачите. Ми истекува договорот кога ќе имам 32, а не верувам дека би играл до 37 или 38. Ми се чини дека 32 години се добри години за крај на кариерата“ – вели Крос
Тој вели дека не сака да размислува за пенија или за 2022.
„Реал е мојот клуб. Во последните 2 години созреав во спортска смисла и лично. Од првиот ден добив позитивни реакции од соиграчите“ – вели Крос.